Ролнички со кашкавал и шунка. Мјамиии. Тестото не треба да стасува што значи за релативно краток период на вашата маса имате готови кифлички. Идеални за појадок, супер во комбинација со чаша јогурт.
Холандски пченкарни ролнички
By July 25, 2013
Published:Ролнички со кашкавал и шунка. Мјамиии. Тестото не треба да стасува што …
Ingredients
- 400 г брашно
- 100 г пченкарно брашно
- 4 лажички прашок за пециво
- 2 јајца
- 10 лажици масло
- 8 лажици млеко (ладно)
- состоки за фил
- 300 г кашкавал (крупно изрендан)
- 250 г шунка (на кругичња)
Instructions
- 1.Загрејте ја рерна на 200 степени. Во поголем сад измешајте ги сите состојки за тестото. Месете со рака додека не добиете меко тесто. Оставете го одстои десетина минути.
2.Наростете ја работната површина со брашно. Исукајте го тестото со големина 40х40. Исечете 16 парчиња. На секое ставете изрендан кашкавал и парче шунка. Направете ролнички. Премачкате ги со малку млеко.
3.Печете околу 20 минути во плех обложен со хартија за печење. Бидете трпеливи да се оладат десетина минути, а потоа се спремни за дегустација. Бон апетит.
- Cuisine: Леб и пецива
- Course: Печење
- Skill Level: Средна