Ако наскоро планирате да го поканите целото ваше друштво на гости, еве една фина грицка која совршено добро оди со ладно пиво. Повикајте помош во кујна и за час ќе ги спремите овие пченкарни стапчиња кои се подготвуваат слично како и лиснато тесто.
Пченкарни стапчиња
By July 17, 2013
Published:Ако наскоро планирате да го поканите целото ваше друштво на гости, еве …
Ingredients
- 1 кг брашно
- 500 гр пченкарно брашно
- 1 свеж квасец
- 1 прашок за пециво
- 70 гр шеќер (4 лажици)
- 30 гр сол (1½ лажици)
- 900 мл млака вода
- 500 гр путер (на собна температура)
- палента или гриз (за посипување на пецивото)
Instructions
- 1.Во сад ставете 200 мл млака вода, додадете лажица брашно, лажица шеќер, издробете го квасецот и оставете го да нарасне.
- 2.Во меѓувреме, во поголем пластичен сад измешајте ги двата типа на брашно, додадете шеќер, сол и прашок за пециво. Додајте го и квасецот и потоа полека додавајте топла вода се додека не добиете меко, глатко тесто кое не се лепи за прстите. Оставете го тестото да нарасне убаво (дупло).
- 3.Маргаринот ставете го кеса за замрзнување и со сукало формирајте правоаголник. Истото направете го и со другиот маргарин.
4.Тестото тенко расукајте го и на средината ставете ги двата маргарина. Непокриениот дел од тестото превитакајте го према маргаринот (од сите страни) за маргаринот веќе да не се гледа. 1/3 од добиениот правоаголник повторно превиткајте го, првин левата па десната страна на тестото и оставете го 5 минути да се одмори. Набрашнете го тестото и повторно расукајте го и превиткајте го на три дела. Постапката повторете ја уште два пати. После четвртото расукување, тестото е спремно за сечење.
5.Сечете стапчиња по желба, посипете ги со гриз или палента и печете во загреана рерна на 180 степени околу 15-20 минути се додека не поруменат.
- Cuisine: Леб и пецива
- Course: Печење
- Skill Level: Сложена