Ова нема никаква врска со фактот што денес слават сите вљубени, но и сите оние кои веруваат во љубовта. Ако припаѓате во некоја од овие групи, тогаш еве една прекрасна справичка што ќе ви овозможи да им покажете на вашите најблиски  колку навистина ви значат.

Значи, правите тестенце за колачиња (било какво), ги сечете со калапче или со обична чаша, а после тоа само ги притискате со овој печат за колачиња. Супер порака нели? Ем вие ќе си ја засладите душичката, ем вашите љубени ќе знаат дека не ви било тешко “со часови“ да пишувате по колачињата, само за да им овозможите малку радост и топлина. Прекрасно!

И така, ако не сте направиле барем едно три-четири вида колачиња во форма на срце, нарачајте си го печатов овде, и испратете ја пораката. Ќе имате мало задоцнување нели, додека стигне печатот, ама како велат старите – подобро доцна отколку никогаш. Нека ви е честит празникот на љубовта!