Вака го правела и мојата баба,подоцна и мајка ми,а во последниве години и јас…во исчекување на беровските сливи во август,овде го пренесувам нашиот семеен рецепт.

НАПОМЕНА: по ваша желба, рецептот можете да го менувате, се разбира, па наместо вински оцет,можете да ставите балзамико оцет или рум…можете да додадете цимет, каранфилче,  итн… вака како што јас го пренесувам рецептот, е на начинот како што баба ми го научила од својата мајка и како што со стотици години порано се правел овој џем во нашето семејство.

Печен џем од модри сливи

By Валентина Крстевска Published: July 12, 2013

    Вака го правела и мојата баба,подоцна и мајка ми,а во последниве години и …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.НАПОМЕНА: вообичаено џемов го правам во тава бр. 40 во која собира 2,5 кг сливи
    2. 2.Во длабока тава со што поголема димензија, ставете ги сливите исечени на половинки.
    3. 3.Во тавата за печење ставете ред сливи, ред шеќер, с`е додека не се потрошат подготвените количества.
    4. 4.Во текот на печењето, откако сливите ќе испуштат сопствен сок и ќе се добие еднолична маса, додадете го оцетот.Печете на 180 степени, се додека џемот не добие густина на сируп за растворање. Нека не Ве буни тоа што личи дека е прилично „течен“, бидејќи кога ќе се олади, пектинот ќе го направи своето,па џемот станува прилично густ.
    5. 5.Врелиот џем пакувајте го во претходно стерилизирани тегли (чувани во топла рерна 15-тина минути на 50 степени), затворете ги теглите со метални капачиња, па стерилизирајте ги во рерна на 50-100 степени најмалку 15 минути. Оставете ги да стојат во рерната и откако ќе ја исклучите, с`е додека не се оладат.