Ако сте и вие како нас па си обожавате компирчиња во сите пет можни варијанти (пржени, печени, полнети, пире и салата), тогаш еве еден предлог како да ја разбиете монотонијата. Ваквите компирчиња се едноставни за правење, пребогати со вкусови и едноставно совршени, а добро одат како додаток на било какво мевце!
Печен компир со сирење
By August 8, 2012
Published:Ако сте и вие како нас па си обожавате компирчиња во сите пет можни …
Ingredients
- 3 компири (средни)
- 3 јајца
- 200 мл кисела павлака
- 100 г крем сирење
- 100 г кашкавал (рендан)
- малку сол
- малку Вегета
- малку црн пипер
Instructions
- 1.Излупете го компирот, исечкајте го на коцкички и ставете го да се вари. Кога водата ќе зоврие, варете уште околу 10-тина минути, а потоа исцедете го компирот.
- 2.Одвојте ги белките од жолчките, па изматете ги белките во цврст снег со додаток на неколку зрнца сол. Во снегот полека измешајте ја киселата павлака, сирењето и кашкавалот, и на крајот додадете ги жолчките. Добро измешајте, па додадете ги компирите и зачинете со сол, вегета и црн пипер по вкус.
- 3.Огноотпорна тава добро намастете ја со путер или масло, истурете ја смесата и ставете да се пече во рерна на 180 степени додека добро не зарумени одозгора.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна