Бидејќи печената кокошка е задолжителна за речиси секој фамилијарен ручек, ви предлагаме еден интересен рецепт кој ќе ја разбие монотонијата во вашата кујна. Наш предлог: превкусна кокошка со вкус на лук и гарнир со печен компир и морков. Мјами :)

Печена кокошка со лук

By Гастронаут Published: July 1, 2012

    Бидејќи печената кокошка е задолжителна за речиси секој фамилијарен …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Вклучете ја рерната на 180 степени.
    2. 2.Исчистете ја кокошката од маснотија, особено на делот каде треба да се наполни.
    3. 3.Сосема кратко кокошката ставете ја во тавче со загреано масло да се запржи. (делот со градите треба да биде долу) Внимавајте да не ви се залепи!
    4. Кокошка зачинета со сол и вегета4.Извадете ја кокошката. Маснотијата префрлете ја во тавчето во кое планирате да ја печете.
    5. 5.Зачинете ја кокшката со сол и вегета. Во внатрешноста на кокошката ставете пола лимон и шест главички лук. За да не испаднат лукчињата, подврзете ги на нозете кокошката со конец.
    6. Налиена со вино и супа6.Ставете ја кокошката во тавчето за печење. Исцедете ја другата половина од лимонот и попрскајте ја.
    7. 7.Од околу оставете го преостанатиот дел од лукчињата, налијте го белото вино и пилешката супа.
    8. Печење на кокошката!8.Печете ја кокошката еден 1 час со затворен поклопец и уште половина час со отворен.
    9. 9.Во меѓувреме направете го додатокот. Измијте ги компирите(не мора да ги лупите). Пресечете ги на половина и ставете ги да се сварат во посолена вода што врие.
    10. Подготовка на компир и морков!10.Исчистите ги морковите. Кога компирите ќе бидат сварени (внимавајте да не ги преварите), извадете ги, а во истата вода ставете ги морковите.
    11. 11.Внимавајте и морковите да не ги преварите. Нема да им треба повеќе од неколку минути. Кога ќе бидат готови, измијте ги со ладна вода и оставете ги да се изцедат.
    12. 12.Во тавче ставете путер и мед и кратко пропржете ги морковите, а потоа и компирите.
    13. 13.Откако ќе добијат румена боја, ставете ги во плех за печење (подмачкан со путер). Печете ги морковите и компирите 40-тина минути.
    14. Спремна за сервирање14.Послужете ја кокошката со додатокот од компир и морков. Искористете ја течноста која ви остана при печењето како сос за преливање.