Некои рецепти се класика. Печена кокошка за ручек е проверена варијанта која нема потреба да се менува. Останува само да се избере гарнир и тоа е тоа. Бидејќи рековме дека класика си е класика, одлучивме да се држиме до традицијата и направивме кокошка со компир. Добар апетит.
Печена кокошка со компири
By January 11, 2013
Published:- Prep: 10 mins
- Cook: 1 hr 20 mins
- Ready In: 1 hr 30 mins
Некои рецепти се класика. Печена кокошка за ручек е проверена варијанта …
Ingredients
- 1 цела кокошка (исечена на парчиња)
- 5-6 чешниња лук
- 1-2 главици кромид
- малку рузмарин
- малку свежа мајчина душичка
- 3-4 лажици маслиново масло
- 120 мл бело вино
- малку сол, црн пипер
- 500 г компир
Instructions
1.Рерната вклучете ја на 230 степени. Кокошката исчистете ја од маснотија. Зачините ситно исечкајте ги. Исечкајте ситно и 2 чешниња лук.
2.Во зачините додадете маслиново масло, малку сол и црн пипер и со оваа смеса измачкајте ја кокошката. Со останатата смеса, наполнете ја.
3.Кокошката ставете ја во тавче за печење, ставете и исечкан кромид, лук, истурете од белото вино и печете ја 20 минути свртена со пилешките гради нагоре.
4.Меѓувремено, компирот излупете го и варете го 15 минути и процедете го. Зачинете го со сол и црн пипер.
5.Кокошката превртете ја, ставете го компирот, намалете на 160 степени и печете уште 50 до 60 минути. Добар апетит!
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Средна