Вака приготвената риба без ни малку грижа можете да ја послужите и на најмладите членови од семејството бидејќи благодарение на лимонот нема да има коски. Валентина ни препорача дека наместо со лимон може да се искористи и овошјето Kарамболa, кое ќе даде многу попрефинет вкус. Но, поради неговата висока цена и недостапност, лимонот е најдобрата замена.

Печена мавровска пастрмка

By Валентина Крстевска Published: April 13, 2013

    Вака приготвената риба без ни малку грижа можете да ја послужите и на …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Исчистената риба(без внатрешните органи и главата) убаво измијте ја и поставете ја во длабок сад намрсен со малку маслиново масло.
    2. Подготовка на пастрмката2.Рибајте посолете ја, прелијте ја со остатокот од маслото и водата и преку неа и околу неа ставете од круговите од лимон.
    3. 3.Садот за печење покријте го со капак или алуминиумска фолија,па ставете го во рерна загреана на 120 степени да се пече околу 3 часа, се разбира зависно од јачината на рерната. Потоа, печете уште 40 минути во непокриен сад. Печењето прилагодете го на својата рерна така што за времето додека рибата се пече покриена да испари поголемиот дел од водата во садот.
    4. 4.Напомена: вообичаено за печење риба не е потребно толку долго да се пече, но само вака нејзините коски ќе се “стопат“ па без проблем може да ја јадат и најмали деца,бидејќи коските се до толку омекнати како кај сардините од конзерва.