Печена тиква во било која комбинација и за било која пригода. Особено ќе ви се допадне ако ја направите оваа наша опција полнета со суво овошје, вкус кој ќе ве воодушеви и ќе ве натера да побарате репете. Добар апетит.
Печена тиква со суво овошје
By December 24, 2013
Published:Печена тиква во било која комбинација и за било која пригода. Особено ќе …
Ingredients
- 1 кг тиква
- 1 чаша суво овошје (сечкано)
- 100 мл млака вода
- 100 мл млеко
- 2-3 лажици маслиново масло
- 2-3 лажици мед
- малку цимет, кориандер (мелен или во зрна)
- 2-3 лажици рум (по желба)
Instructions
1.Во сад измешајте го медот заедно со млекото, водата, циметот и кориандерот. Мешајте се додека медот не се раствори.
2.Исечканото суво овошје попарете го со врела вода и по желба залејте го со неколку лажици рум или некој ароматен пијалок.
3.Тиквата се лупи и се сече на мали парчиња. Исечените парчиња се ставаат во течноста, добро се мешаат и се префрлаат во тава за печење обложена со хартија за готвење.
4.Тавата се покрива со парче алуминиумска фолија. Меѓутоа, не се затвора потполно туку треба да се даде можност на парата по малку да излегува. Тоа се прави така што се сече парче фолија, малку поголемо од големината на тавата, со помош на рацете, краевите на фолијата се гужваат и и се придава форма која одговара на големината на тавата. Со неа се покрива тиквата и сувото овошје и изгледа како да е покриена со капак.
5.Вака покриената тава се става во рерна и се пече на 200 степени додека тиквата омекне. Тоа може да потрае половина саат, а може и подолго, во зависност од квалитетот на тиквата но и од големината на парчињата.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна