Лесна,ароматична тортичка со состав на кој е тешко да се одолее, ни напиша нашата драга пријателка Валентина кога ни го испрати овој рецепт. Бидејќи сите досегашни рецепти и беа превкусни, нема причина и со оваа торта да биде поинаку. Добар апетит.
Печена торта со сирење и вишни
By August 12, 2013
Published:Лесна,ароматична тортичка со состав на кој е тешко да се одолее, ни напиша …
Ingredients
- 150 г мелени бисквити (за подлога)
- 100 г путер (за подлога)
- 2 лажици шеќер (за подлога)
- малку ванила екстракт (за подлога)
- 500 г свежо кравјо сирење (за филот со сирење)
- 1 пакување ванила екстракт (за филот со сирење)
- 10 лажици шеќер (за филот со сирење)
- 5 јајца (за филот со сирење)
- 800 г слатка павлака (за горниот слој)
- 6 лажици шеќер (за горниот слој)
- 1 пакување ванила екстракт (за горниот слој)
- 150 г вишни од компот (без семкки) (за горниот слој)
Instructions
- 1..Путерот малку растопете го па измешајте ги заедно сите состојки за подлогата.Во калап со пречник 26 см,на хартија за печење,распоредете ја смесата, малку притиснете да биде цврста и поставете така и рабовите да бидат малку покриени.Садот ствете го на кратко во фрижидер.
- 2.Со миксер измешајте ги сирењето,шеќерот и ванила екстрактот,па додавајте ги јајцата едно по едно.Оваа смеса излијте ја врз подлогата во калапот.Ставете да се пече на 180 степени во рерна која НЕ Е претходно загреана, 45 минути.Можно е филот да се надуе при печењето,но тоа не пречи воопшто за крајниот изглед на колачот,ќе спласне кога ќе го ставите последниот слој.
- 3.Додека се пече тортата,со миксер изматете ја киселата павлака со шеќерот и ванила екстрактот,па со таа смеса прелијте ја тортата,распоредете ги вишните и печете уште 15 минути. По ова време, веднаш оставете ја тортата да се лади, иако изгледа како да не е готова,бидејќи филот личи дека е течен,не грижете се,само почекајте целосно да се олади и дури потоа извадете ја од калапот.
- 4.НАПОМЕНА: вишните јас ги додадов во двата фила, па вкупно употребив околу 300 гр.
- 5.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна