Скоро и да не постои некој што може да му одолее на мирисот на печени костени кој се шири по улиците, а тоа е обичај кој започнал дури во 16-тиот век, и се задржал низ вековите дури до денес. Костенот е драгоцено овопје кое има двојна кора што го штити од пропаѓање. Единствената мана му е високата енергетска вредност, но затоа пак е повеќе од одличен за сите спортисти, деца, повозрасни луѓе, но и за сите оние кои се изложени на поголем физички напор.

Скроб

Костенот се разликува од останатите јаткасти овошја по помалата содржина на масти, голема содржина на скроб, а е и единствен од сите јаткасти овошја кој содржи витамин Ц. За разлика од оревите, лежниците и бадемите, чија главна состојка е маслото, главна состојка на костенот е скробот, кој во сировите плодови го има во количина од околу 44%. Поради високата содржина на скроб, од костените може да се направи брашно кое, помешано со обично брашно од житарици, може да се користи за правење на различни видови леб и пецива. Брашното од костен, поради својата лесна сварливост, е погодно за исхраната на деца и постари лица.

Витамини и минерали

Костените содржат различни минерали и витамини од групата Б, витамини А и Д. Богати се со калиум и фосфор, а содржат и калциум, магнезиум, сулфур, хлор, железо, бакар и манган. Бидејќи е богат со калиум, а сиромашен со натриум, костенот се препорачува во исхраната на болни од бубрежни заболувања и болести на крвниот систем.

Зошто е подобар кога е варен?

Печениот костен има поголема енергетска вредност, поголема количина на протеини, масти, витамини и двојно поголема количина на јаглехидрати. Исто така, содржи и витамин Е и фитохемикалии кои не се среќаваат во варениот костен. Од друга страна, варените костени содржат поголема количина на минерали.