Рецепт совршен за доручек или можеби пак за вечера, особено ако имате по дома неколку гладни усти кои со нетрпение очекуваат нешто топло да излезе од рерна. Пиперчиња со јајца, феноменално јадење.

Печени јајца со пиперка

By Тетка Биберче Published: March 13, 2013

  • Prep: 15 mins
  • Cook: 15 mins
  • Ready In: 30 mins

Рецепт совршен за доручек или можеби пак за вечера, особено ако имате по …

Ingredients

Instructions

  1. Пиперка и кашкавал1.Пиперката измијте ја, исчистете ја и исечкајте на крукчиња. Кашкавалот изрендајте го. Тавата за печење намачкајте ја со масло за готвење.
  2. Скршени две јајца2.Во тавата скршете две јајца и боцнете ја жолчката за да се разлее по целата тава.
  3. Наредена пиперка и кашкавал3.Одозгора наредете од крукчињата црвена пиперка и наросете од ренданиот кашкавал.
  4. Спремно за печење4.Искршете ги и останатите јајца, боцнете ги и со виљушка распоредете ги јајцата по целата површина на тавата.
  5. Печени јајца5.Рерната загрејте ја на 200 степени. Печете ја тавата околу 15 до 20 минути. Одозгора насосете малку сечкан магдонос и послужете.