Вистинска класика. Феноменален семеен ручек од кој не останува ниту трошка. Во наш стил направивме мала модификација, наместо пржени, ќофтињата ги испековме. Си направивме и додаток сос од лук и добивме ручек за мерак.

Печени ќофтиња со сос од лук

By А.З. Published: September 15, 2012

    Вистинска класика. Феноменален семеен ручек од кој не останува ниту …

    Ingredients

    Instructions

    1. Подготовка на смеса за кофтиња1.Во блендер ставете го кромидот да се иситни. Потоа ставете ги сите останати состојки потребни за ќофтињата. Блендирајте се додека не добиете компактна маса.
    2. Спремни за печење2.Од смесата формирајте ќофтиња. За да не ви се лепи смесата, рацете намачкајте ги со масло за готвење. Готовите ќофтиња, извалкајте ги во презла, ставете ги на хартија за печење и печете ги околу 15 минути.
    3. Подготовка на сос3.Растопете ја коцката за супа во 500 мл вода. Во сад на оган, растопете го путерот, додадете го брашното и мешајте пола минута. Внимателно сипете ја вода со супа, додадете 2 лажички лук и мешајте се додека не се згусне смесата. Зачинете по желба.
    4. Подготовени кофтиња и сос4.Готовиот топол сос од лук сервирајте го со печените ќофтиња. Добар апетит.