Еве една интересна идеја која можеби не сте имале прилика да ја пробате до сега. Двојно запечени компири во комбинација со јајца – супер вкусно и супер декоративно! Значи, идеално за предјадење или како гарнир, па дури и како главно јадење. Пријатно!

Печени компири со јајца

By Гастронаутка Published: March 20, 2013

  • Prep: 5 mins
  • Cook: 55-60 mins
  • Ready In: 60 mins

Еве една интересна идеја која можеби не сте имале прилика да ја пробате …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Загрејте ја рерната на 200 степени. Дорбо измијте ги компирите (не ги лупете), избоцкајте ги со вилушка и ставете ги директно на решетката да се печат околу 40 минути.
  2. 2.Во тавче на загреано масло испржете ги ситно исечканиот кромид и лук додека не омекнат (околу 5 минути).
  3. 3.Кога компирите малку ќе се оладат, пресечете ги по должина, и со лажица извадете ја средината, ама оставете околу 5-6 мм заедно со кората. Додадете ја средината заедно со кашкавалот во тавчето со кромид и лук, зачинете со сол и црн пипер и измешајте добро.
  4. 4.Наредете ги компирите во тавче на хартија за печење и наполнете ги со смесата, но оставете место за јајцето. Испрскајте малку со ситно исечкано младо кромидче и во секој компир додадете едно јајце.
  5. 5.Печете на 200 степени уште 15-тина минути, или додека белката на јајцето не биде готова (жолчката ќе биде малку течна).