Само неколку состојки доволни за спремање на вкусен оброк. Во оваа прилика печени компири, кои решив да ги приготвам со пченкарно брашно и добив нов неодолив вкус. Пробајте ја оваа комбинација, сигурно ќе ви се допадне.

Печени компири со пченкарно брашно

By А.A. Published: October 4, 2013

  • Prep: 10 mins
  • Cook: 45 mins
  • Ready In: 55 mins

Само неколку состојки доволни за спремање на вкусен оброк. Во оваа …

Ingredients

Instructions

  1. Излупени компири1.Компирите измијте ги и излупете ги. Ставете ги во длабок сад полн со вода и оставете ги да зовријат. Посолете ја водата и варете ги околу 10 минути.
  2. Компири со пченкарно брашно2.Во друг сад истурете го пченкарното брашно. Компирите исцедете ги, налијте ги со масло за готвење, истурете ги во садот со пченкарното брашно и добро извалкајте ги.
  3. Печени компири3.Загрејте ја рерната на 220 степени а тавата за печење обложете ја со мрсна хартија. Компирите префрлете ги врз тава за печење и печете ги околу 30 минути или се додека не станат крцкави.