Компири обожавам! Во сите можни варијанти и на сите начини. За денес решив да направам една моја комбинација која ја снемува за час. Доказ дека имам успешен рецепт, па затоа и го споделувам со вас. Направете и вие печени компири во сос и пишете дали ви се допаднаа :)

Печени компири во сос

By А.З. Published: September 29, 2015

    Компири обожавам! Во сите можни варијанти и на сите начини. За денес решив …

    Ingredients

    Instructions

    1. Компир1.Компирот добро измијте го и исечкајте го на парчиња.
    2. Смеса со павлака2.Во пластичен сад измешајте ја павлаката со млекото, додадете брашно, лукче, сол и црн пипер.
    3. Подготвени компири за печење3.Садот во кој ќе се печат компирите намачкајте го со путер. Ставете пола од компирите, залијте ги со пола од претходно подготвениот сос, па додадете ги преостанатите компири и сос.
    4. Испечени компири4.Садот со компири затворете го со алуминиумска фолија и печете 30 минути на 200 степени. Потоа отстранете ја фолијата и печете уште 20 минути се додека не добиете убава златеста боја.
    5. Готови печени компири во сос5.На сам крај, одозгора ставете од ренданиот кашкавал и оставете го во рерна уште неколку минути само колку да се растопи кашкавалот.