Не се пржат, многу се вкусни, меки и воздушести, а такви остануваат и следниот ден, сепак под услов да не се изедат веднаш:) ) …. Пробајте и вие…
Печени крофни
By May 13, 2013
Published:Не се пржат, многу се вкусни, меки и воздушести, а такви остануваат и …
Ingredients
- 260 г брашно
- 60 г шеќер
- малку ванилини кристали (или 1 пакетче ванилин шеќер)
- 1 јајце
- 30 мл масло за готвење
- 1/2 пакетче сув квасец
- 200 мл млако млеко !!!(не треба да се додаде одеднаш)
- 30 г снегулки за инстант пире
Instructions
- 1. Во длабок сад измешајте ги убаво сите суви состојки, додајте го маслото за јадење и малку од млекото.
- 2.Почнете да матите со миксер (со спиралните додатоци за тесто) и повремено додавајте од млекото за да добиете мазно,еластично,меко тесто. Различни видови брашно и инстант пире,впиваат различно од течноста, затоа подобро е да не го додавате целото количество млеко одеднаш. Матете околу 10-12 минути.
- 3.Покријте го тестото со проѕирна фолија и оставете го да стасува околу 1 час.
- 4.На побрашнета површина рассукајте го тестото во кора дебела околу 1 см. Со чаша или калап за крофни,сечете кругови и со малку млеко премачкајте ги краевите на круговите. Спојувајте ги 2 по 2 заедно и редете ги оддалечени една од друга на плеш покриен со хартија за печење. Покријте ги со крпа и оставете ги да стасуваат уште околу 30-40 минути.
- 5.Печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени додека да поруменат.
- 6.Во кујнски шприц ставете од полнењето по ваш избор и полнете ги крофните одозгора. По желба можете да додадете и шеќер во прав
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна