Немојте случајно да сте ги фрлиле лушпите од компири! Всушност пробајте следниот пат да направите пире или компир салата од печени компири наместо од варени, а со лушпите направете го ова супер предјадење. Само пазете добро да ги измиете!

Печени лушпи од компири

By Гастронаутка Published: July 26, 2012

    Немојте случајно да сте ги фрлиле лушпите од компири! Всушност пробајте …

    Ingredients

    Instructions

    1. компири спремни за печење1.Загрејте ја рерната на 200 степени. Компирите измијте ги убаво и оставете ги да се исушат, а потоа со раце или со кујнска хартија од сите страни намачкајте ги со маслиново масло. Наредете ги врз хартија за печење и печете додека кората не стане крцкава, а компирите меки (околу 45 минути).
    2. испразнета половина од компир2.Оставете ги малку да се оладат, а потоа пресечете ги на половина по должина и издлабете ја внатрешноста со лажица, но оставете малку од компирот и да остане на кората (извадената средина можете да ја претворите во пире или компир салата).
    3. испржете ја сланината3.Во меѓувреме испржете ја сланината додека не стане крцкава, а потоа исечете ја на мали парчиња и изрендајте го кашкавалот.
    4. превртени компири4.Ставете ги компирите повторно во тавчето свртени со дупката надолу и печете уште 7-8 минути, а потоа превртете ги и печете уште толку (додека ивиците на дупките не се заруменат).
    5. испечени компири5.Испечените половинки наполнете ги со изренданиот кашкавал и парчињата сланина, а потоа вратете ги во рерната додека кашкавалот не се растопи (уште 4-5 минути).
    6. готови за служење6.Кога ќе ги извадите, во секоја половинка ставете по една лажичка кисела павлака и испрскајте одозгора со ситно исечканиот млад кромид.