Кога немам идеја што да им направам на моите за ручек, оваа комбинација секогаш прво ми паѓа на памет. Брзо се подготвува, а сите ја обожаваат. Се разбира и за вечера е супер.

Печени макарони со шунка

By Јасмина Тодоровска Published: February 13, 2014

    Кога немам идеја што да им направам на моите за ручек, оваа комбинација …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Голем сад за вода ставам да зоврие. Потоа додовам сол и ги ставам макароните да се варат. Најчесто според упатсвото, бидејќи има различни типови.
    2. 2.Додека се варат макароните, ја сечам шунката на поголеми парчиња и го подготвувам бешамел сосот.
    3. 3.Со тенчерче на оган ставам путер да се растопи, додавам брашно. Постојано мешам и додавам топло млеко. Зачинувам со малку сол и црн пипер.
    4. 4.Откако макароните ќе се сварат, ги префрлам во намастено тавче за печење, ставам шунка, изрендан кашкавал и малку зачинувам Одозгора истурам од бешамел сосот.
    5. 5.Печам во добро загреана рерна од 15 до 20 минути.