Ако сте еден од обожавателите на мирисот и вкус на палента верувајте овие печени стапчиња ќе ве воодушеват. Ние си направивме и сосче и стапчињата ги снема за миг.

Печени палента стапчиња

By Гастронаут Published: December 8, 2013

    Ако сте еден од обожавателите на мирисот и вкус на палента верувајте овие …

    Ingredients

    Instructions

    1. Палента со пармезан1.Во голем сад за варење ставете млеко, путер и една шолја вода. Постепено додавајте пченкарно брашно. Намалете ја топлината и со постојано мешање гответе додека палентата не стане густа . Не повеќе од 10 тина минути. Тргнете го тенџерето од оган.
    2. Плехот е наполнет2.Откако малку ќе се олади додадете пармезан и сол. Плехот обложете го со хартија за печење. Истурете ја палентата по целата површина на плехот. Обложете го плехот со фолија и ставете го во фрижидер најмалку еден час за палентата добро се цврсти.
    3. Палента стапчиња3.Загрејте ја рерната на 250 степени. По должина исечете парченца во форма на стапчиња. Одозгора ставете уште малку сол и маслиново масло. Печете околу 20 минути додека стапчињата не добијат златна боја.
    4. Спремно за дегустација4.Во меѓувреме направете сосче. Ви требаат три лажици мајонез и половина зелен лимон. Изцедете го лимонот и добро промешајте го со мајонезот. Ќе добиете одлично макалце кое совршено одговара со палента стапчињата.