Многумина од нас никогаш нема да го заборават вкусот на пржените панцероти во еден млечен ресторан во ГТЦ во Скопје… нив одамна веќе ги нема, јас станав свесна дека пржената храна и не е баш најздрава, па затоа оваа верзија на панцероти е често на нашата трпеза.:)

Печени панцероти

By Валентина Крстевска Published: February 24, 2013

    Многумина од нас никогаш нема да го заборават вкусот на пржените …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Од сите состојки замесете тесто, убаво изработете го (тоа според некои информации од интернет значи непрекинато месење во времетраење од околу 15 минути, со повремено удирање на тестото од садот, вкупно минимум 50 пати). Оставете го тестото покриено со фолија и со дебела прекривка да стасува додека не го дуплира својот волумен.
    2. 2.Стасаното тесто премесете го и поделете го на 9 топчиња.
    3. 3.Од секое топче рассукајте елипсовидна коричка, дебела околу 5-10 мм. Некаде во средината на едната половина од коричката, филувајте со еден голем прстофат кашкавал и мало лажиче доматно пире. Покријте го филот со другата половина од коричката, а рабовите внимателно затворете ги со вилушка или со нежно преклопување со прстите.
    4. 4.Поставете ги готовите панцероти во 3 реда по 3 парчиња на претходно намрсен со маргарин плех од шпоретот. Оставете ги да стасаат додека да ја загреете рерната.
    5. Печени панцероти5.Се печат во претходно загреана рерна на 200 степени. Во текот на печењето јас ги премачкувам 2-3 пати со маргарин.
    6. Печени панцероти6.Напомена: филот можете да го прилагодите според вашиот вкус, јас овојпат додадов кечап наместо доматно пире, но заклучивме дека оригиналната верзија (со доматно пире) повеќе ни се допаѓа.