Овие пирошки традиционални ги спремам за мојот роденден бидејќи сите мои пријатели ги обожаваат. Така беше и за овој. Дупла доза и сите задоволни. Моја препорака е во прва прлика и вие да ги направите и ќе се уверите зошто сите ми пекаат кога ќе има пирошчиња.

Печени пирошки

By Тетка Биберче Published: November 18, 2015

  • Prep: 30 mins
  • Cook: 25 mins
  • Ready In: 1 hr 5 mins

Овие пирошки традиционални ги спремам за мојот роденден бидејќи сите мои …

Ingredients

Instructions

  1. Пресечени кори на пола1.Готовите кори пресечете ги надолж, на пола.
  2. Кашкавал и салама2.На горниот дел од кората ставете парче салама и кашкавал.
  3. Свиткување на страничните делови на кората3.Свиткајте ги страничните делови на кората.
  4. Ролување на пирошката4.Свиткајте ја кората во форма на ролат.
  5. Подготвени сите пирошки5.Постапката повторете ја со сите кори.
  6. Додавање на кисела вода6.Пирошките префрлете ги во длабок сад за печење, притоа наредете ги неоставајќи простор помеѓу нив. Налејте со кисела вода (околу 1/3 од пирошките треба да се навлажнат).
  7. Похување на пирошките7.Секоја пирошка натопете ја во изматено јајце па потоа во презла. По желба, ставете малку сол во презлата.
  8. Спремни за печење / пржење8.Вака подготвените пирошки може: - да ги замрзнете; - да ги испржите во загреано масло или; - да ги испечете;
  9. Печени пирошки9.Во добро загреана рерна, на 220 степени, печете ги околу 15 до 20 минути. Оставете малку да се оладата и сервирајте ги.