Еве една интересна идеја како да ги споите омилените тестенини и спанаќот. Па уште сето тоа зачинето со добра доза на растопено кашкавалче….Супер!

Печени шпагети со спанаќ

By Гастронаутка Published: February 6, 2013

  • Prep: 20 mins
  • Cook: 20 mins
  • Ready In: 40 mins

Еве една интересна идеја како да ги споите омилените тестенини и …

Ingredients

Instructions

  1. ставете го спанаќот да се вари1.Измијте го спанаќот и ставете го да се вари околу 5-7 минути заедно со исечканото луто пиперче (опционално).
  2. сварете ги шпагетите2.Оставете го спанаќот малку да се олади за да може да се блендира, а во меѓувреме ставете ги шпагетите да се варат според упатството на ќесичката (може да ги варите 1-2 минути помалку бидејќи потоа ќе се печат).
  3. запржете го пирето заедно со кромидот и лукот3.Испасирајте го спанаќот за да добиете пире. Исечкајте ги ситно кромидот и лукот и запржете ги кратко во тавче, а потоа додадете го и пирето од спанаќ. Оставете ја смесата да се пржи на умерено јак оган додека водата не испари.
  4. запржете го брашното и додадете млеко4.Во тенџерче растопете го путерот, а потоа додадете го брашното и мешајте кратко додека бојата не стане жолтеникава. Потоа додадете го млекото, и оставете ја смесата да зоврие.
  5. измешајте ги белиот и зелениот сос5.Кога ќе ја добиете саканата густина, додадете го пармезанот, солта, црниот пипер и други зачини по желба и добро измешајте. На крајот, испрженото пире од спанаќ додадете го во белиот сос и измешајте.
  6. истурете ги шпагетите во тавче6.Истурете ги шпагетите во смесата и мешајте додека не се изедначи. Потоа распоредете ги во малку намастено тавче за печење.
  7. посипете со кашкавал и печете7.Одозгора нарендајте добра слој кашкавал и печете на 200 степени околу 15-20 минути. Послужете додека е топло.