Јајце на око, кајгана, варени јајца, омлет.. Но, дали сте пробале јајце на квадрат? Еве еден интересен Мигусто предлог за совршен почеток на денот. Уживајте 🙂
Јајце на квадрат
By December 23, 2013
Published:Јајце на око, кајгана, варени јајца, омлет.. Но, дали сте пробале јајце на …
Ingredients
- 1 шолја брашно (состојки за тестото)
- 1 лажичка шеќер (состојки за тестото)
- 4 јајца (состојки за тестото)
- ¼ лажичка сол (состојки за тестото)
- 1 ½ шолја млеко (состојки за тестото)
- 3 лажици растопен путер (состојки за тестото)
- 9 парчиња пршута (тенко насечкана)
- 9 јајца
- свеж магданос
Instructions
- 1.Измешајте го брашното, шеќерот, солта, млекото, растопениот путер и четирите јајца. Со миксер матете неколку минути.
- 2.Тавчето за палачинки премачкајте го со путер и ставете го на тивок оган. Од тестото направте палачинки.
- 3.Во меѓувреме загрејте ја рерната на 350 степени. Наредете ги палачинките на плехот обложен со хартија за печење.
- 4.Во секоја палачинка ставете парче пршута и внимателно скршете по едно јајце на средина. Превиткајте ги рабовите на палачинките и направете квадрат. Посолете и запиперете. Печете околу 12 минути.
5.Декорирајте со свеж исечкан магданос и послужете веднаш.
- Cuisine: Предјадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна