Вкусно, сочно, ровко. „Печење“ за мерак. Незаменлив деликатес за секоја поголема веселба или прослава. А, за правите гурмани мераклии на месо може и за обичен ручек.

Печено свинско месо

By МиГусто Published: January 7, 2013

  • Prep: 20 mins
  • Cook: 3 hrs 20 mins
  • Ready In: 3 hrs 40 mins

Вкусно, сочно, ровко. „Печење“ за мерак. Незаменлив деликатес за секоја …

Ingredients

Instructions

  1. Месо со зачини1.Месото убаво се истрива со зачините (сол, сушен зеленчук, бибер, сенф и црвен пипер) за да навлезат во месото. Се премачкуваа со масло за готвење и се остава да стои најмалку 2 часа.
  2. Месо налеано со вода2.Во тавата со месото се става една главица добро измиен и неизлупен кромид , се додаваат 5-6 суви сливи без семки, 2 портокали, 1 лажица маст и сето тоа се залева со 2 чаша вода.
  3. Месо покриено со фолија3.Тавата се прекрива со алуминиумска фолија и се става во рерна да се пече на висока температура, околу 230 степени еден саат. За тоа време течноста во тавата ќе зоврие и тогаш температурата се намалува на 150-160 степени и се остава така да се пече најмалку 3 саати.
  4. Испечено месо4.Се трга алуминиумската фолија и се остава да се пече непокриено за месото да добие малку боја. Накрај, се залева со околу 300 мл пиво и повторно се враќа во рерната на тивко додека испари скоро целото пиво.
  5. Сервирано месо5.Треба да се внимава да не испари целата течност, а доколку се забележи тоа, се додава уште вода и се остава течноста да зоврие. Течноста, заедно со кромидот, сувите сливи и портокалот, со помош на блендер, се пасираат за да се добие сос.