Совршено предјадење кое брзо се подготвува, а може да се комбинира на мал милион начини. Дамјан ни кажа дека печурките се идеални кога се подготвени на скара, но и во домашни услови, запечени на грил тавче. Пробајте задолжително и нека ви се на здравје!

Печурки на скара

By Дамјан Јанев Published: July 17, 2014

    Совршено предјадење кое брзо се подготвува, а може да се комбинира на мал …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Свежите шампињони се мијат убаво, се цедат и се ставаат во поголем сад. Доколку печурките се поголеми, исечете ги на половинки или третинки. Доколку се помали, се приготвуваат цели.
    2. 2.Лукчето и магдоносот се сецкаат ситно и се додаваат во садот со печурките.
    3. 3.Се додава и зачинот, се посолува и набиберува по желба и во садот се додава маслиновото масло.
    4. 4.Целата смеса убаво се меша и се оставаат печурките да отстојат десетина минути за да впијат од маслото и од зачините.
    5. печурки во грил тавче5.Печурките се печат на скара додека не добијат убава жолто-кафена боја. Наместо на скара печурките можат да се печат и во грил тава (како на сликите).
    6. Подготвени за уживање6.Послужете ги како додаток/прилог на омлет, ориз, јадења од месо или да се мезат самостојно, на пример со ракија или мастика.