Па добро, од кога не сме се почастиле со една партија супер вкусни полнети печурки со сирење и спанаќ? Одамна, одамна беше….
Печурки со спанаќ и сирење
By August 31, 2013
Published:Па добро, од кога не сме се почастиле со една партија супер вкусни полнети …
Ingredients
- 1 кг големи свежи шампињони
- 1 супена лажица маслиново масло
- 1 супена лажица путер
- 1 главица кромид (ситно исечкан)
- 100 г презли
- 200 г крем сирење
- 30 г кисела павлака
- 100 г кашкавал (рендан)
- 200 г спанаќ
- малку сол
- малку црн пипер
Instructions
- 1.Загрејте ја рерната на 200 степени. Печурките измијте ги, извадете ги рачките, а потоа ситно исечкајте ги (рачките).
- 2.Во подлабоко тавче ставете ги да се загреат путерот и маслиновото масло. Додадете го ситно исечканиот кромид и рачките од печурките и пржете додека не ја сменат бојата. Зачинете со сол и црн пипер, додадете ги презлите и пржете уште малку. Оставете ја смесата да се олади.
- 3.Во подлабок сад ставете го крем сирењето, киселата павлака и ренданиот кашкавал и мешајте додека не се изедначи смесата. На крајот додадете го ситно исечканиот обарен спанаќ (убаво исцеден од вода) и промешајте.
- 4.Додадете ја сега и оладената смеса со кромид, промешајте, зачинете со уште малку сол и црн пипер ако треба и наполнете ги печурките.
- 5.Наредете ги наполнетите печурки во тава врз хартија за печење и печете ги во загреана рерна околу 20-25 минути.
- Cuisine: Предјадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна