Типичен, традиционален специјалитет во струмичко дојранскиот крај – за повеќе, погледнете ја Фејсбук страницата на нашата пријателка Весна Рохр – Со љубов, за вас!

Пејнирлии

By Весна Рохр Published: February 16, 2013

    Типичен, традиционален специјалитет во струмичко дојранскиот крај – за …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Името на оваа прекрасна месена пита има варијации, пинирлии, пенирлии, но всушност се работи за пита полиена со сирење и јајца, многу стар рецепт.
    2. 2.Тестото треба да биде меко, квасецот е претходно растворен во млака вода, не мора да стасува и потребно е отприлика помалку од половина литар вода.
    3. 3.Почнете со помалку брашно. Се додава зејтин и 1 мало лажиче сол. Грамажата на брашното варира, но треба да се добие меко тесто. Се замесува и се става во подмачкан длабок, голем плех од шпорет, се развлекува, растегнува со дланка према форма на плехот, па се остава да стаса, покриено со платнена крпа.
    4. 4.Стасаното тесто се притиска т.е. се прават вдлабнатина (дупчиња) во кои ќе може да се задржи филот, да не отиде веднаш под тестото.
    5. 5.Филот, односно преливот е од изматените јајца, сол, парчиња сирење по желба и зејтинот. Се меша и се става врз тестото.
    6. 6.Тестото се пече околу 25 до 30 минути, на 200 степени.
    7. 7.Не се покрива после тоа, можете веднаш да ја сечете и да ја сервирате со кисело млеко или јогурт.
    8. 8.Преубава едноставна, домашна, месена пита! Добар апетит !