Многу слични на посолените солени стапчиња од разни млечни ресторани…Ова е прилика да си ги направите по дома по рецепт на Валентина. Спремете поголема доза да има за најблиските, а можете со овие пекарски кифлички да ги изненадите и вашите колеги на работа.

Пекарски кифлички

By Валентина Крстевска Published: March 8, 2013

  • Prep: 50 mins
  • Cook: 10 mins
  • Ready In: 1 hr 40 mins

Многу слични на посолените солени стапчиња од разни млечни …

Ingredients

Instructions

  1. Пекарски кифлички1.Во погоден сад ставете ги сите состојки освен брашното и убаво измешајте. Се разбира, ако имате таква навика, претходно на вообичаен начин оставете го квасецот да стаса со дел од водата, шеќерот и брашното од рецептот. Јас не го оставам да стаса. Додајте околу 1/3 од брашното и с`е убаво измешајте со миксер. Додавајте по малку од остатокот од брашното имешајте со миксер сè додека е тоа можно, а потоа продолжете да месите со рака. Јас со миксер мешам околу 5-10 минути, а продолжувам да го месам тестото уште околу 10 минути.
  2. Пекарски кифлички2.Обликувајте топчесто тесто, покријте го со проѕирна фолија, оставете го да стасува десетина минути,па премесете го. Ова повторете го вкупно 3 пати.
  3. Пекарски кифлички3.Тестото префрлете го на работната површина, повторно премесете го(ова ќе биде четврто премесување). Поделете го тестото на 4 дела, а од секој дел отсечете по 5 -6 парченца. Секое посебно премесете го и расукајте го во елипсеста форма. Премачкајте ги таквите корички со растопениот маргарин,завиткајте ги како кифлички и оставете ги на хартија за печење во плехот во кој ќе се печат да стасаат додека да се загрее рерната. Откако ќе се дуплира нивниот волумен, премачкајте ги одозгора со маргаринот, а по желба одозгора може да додадете крупна сол,сусам ким или некои други семиња.
  4. Пекарски кифлички4.Се печат во рерна загреана на 220 степени околу 10 минути. По печењето се оставаат да се оладат без да се покриваат.