Пињолите во составот на ова песто даваат чудесен и несекојдневен вкус. Валентина го користи при подготовка на риба која во нејзиното семејство е скоро секогаш е на менито за ручек во сабота.
Песто е еден вид крем или сос направен од зачинска билка, јаткаст плод, маслиново масло и сол. Убаво приготвеното песто долго време може да се чува во фрижидер без да се расипе…
Напомена: пињолите кај нас се продаваат во делот за зачини во Веро маркетите, но доколку не сте во можност да ги набавите, нема да згрешите и ако додадете малку од некој друг јаткаст плод.
Песто од копар
By May 21, 2013
Published:Пињолите во составот на ова песто даваат чудесен и несекојдневен вкус. …
Ingredients
- 1 китка копар
- 1/3 лажичка сол
- 8 пињоли
- 5 лажички маслиново масло
Instructions
1. Исплакнете го копарот во студена вода. Сите состојки ставете ги во блендер и со неколку пулсирања на блендерот ќе се добие кашеста смеса. (Внимавајте при купувањето на копарот. На сликата десно е вистинското растение копар, а лево е она што во народот се нарекува анасон, но по ботаничката класификација е нешто сосема трето.)
2.Доколку подготвеното песто не го потрошите, чувајте го во фрижидер во стаклена тегличка затворена со капаче.
- Cuisine: Сосови
- Course: Без термичка обработка
- Skill Level: Едноставна