Потребно време: 5 минути. Резултат: прекрaсен чоколаден десерт. Количина за двајца… Имате идеја на што алудираме нели? Изненадете ја саканата или љубениот со овој наш предлог. Верувајте нема да погрешите 🙂
5 минутен чоко колач за двајца
By August 22, 2012
Published:- Prep: 5 mins
- Cook: 5 mins
- Ready In: 10 mins
Потребно време: 5 минути. Резултат: прекрaсен чоколаден десерт. Количина …
Ingredients
- 5 лажици брашно
- 5 лажици шеќер
- 2 лажици какао во прав
- 2 јајца
- 3 лажици масло за готвење
- 3 лажици млеко
- малку екстракт од ванила
- 4 коцки темно чоколадо (исечкано)
- 1/2 лажичка прашок за пециво
- прстофат сол
Instructions
1.Во сад за матење измешајте ги сите состојки (со исклучок на коцките темно чоколадо).
2.Смесата претурете ја во две шолји за млеко и одозгора наросете од темното чоколадо.
3.Печете на 230-240 степени околку 3 и пол минути се додека колачот не нарасне до самиот крај на шолјата па дури и малку повеќе (при ладење тестото малку спласнува).
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна