Пицата е едно од најпопуларно јадење во светот, пре се поради евтините и лесно достапни состојки како и поради едноставноста на нејзината подготовка. Затоа денес ја подготвивме вкусна класика наречена „Капричиоза“. Добар апет!
[sws_scrollable_basic columns=”4″] [/sws_scrollable_basic]
Пица „Капричиоза“
By September 24, 2013
Published:Пицата е едно од најпопуларно јадење во светот, пре се поради евтините и …
Ingredients
- 250 г брашно (состојки за тесто)
- 125 мл вода (состојки за тесто)
- 1 лажичка сув квсец (состојки за тесто)
- 1 лажичка сол (состојки за тесто)
- 1 лажичка шеќер (состојки за тесто)
- 1 лажица маслиново масло (состојки за тесто)
- 1 лажичка оригано (состојки за тесто)
- 40 мл доматен сос
- 100 г кашкавал (рендан)
- 50-70 г шунка (тенко сечкана)
- 5-6 свежи печурки (измиени и исечкани)
- малку црни маслинки
- 50 г босилок, нане или рукола
Instructions
- 1.Во длабок сад ставете го брашното, квасецот, солта и ориганото. Додадете ја водата и маслиновото масло, притоа постојано мешајќи. Месете сè додека не почне да се одделува од ѕидовите на. Покријте го со крпа и оставете го да отстои 1 час на собна температура или се додека не го удвои својот волумен.
- 2.Стасаното тесто, по желба, поделте го на два дела (може и еден) и расукајте тенко тесто со кружна форма.
- 3.Најпрвин намачкајте од доматниот сос. По желба, доматниот сос сварете го и додадете некои од вашите омилени зачини.
- 4.Одозгора наросете рендан кашкавал, ставете неколку парчиња шунка и сечкани печурки. По желба, ставете и неколку сечкани маслинки.
- 5.Печете ја пицата на 220 степени, во добро загреана рерна, околу 10 минути или се додек не добие златна боја.
- 6.Откако ќе ја извадите, врз пицата ставете неколку ливчиња свеж босилек или рукола и послужете ја. Добар апетит!
- Cuisine: Леб и пецива
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна