Ни пицата веќе не е она што беше, драги мои. Да, да, веќе не е во тренд пиците да се прават обични округли теста, па со расфрлани разно-разни состојки одозгора. Сега се модерни корнети.

Значи, се ви е исто. Пак си правите обично тесто како и порано, пак си ги ставите омилените состојки одозгора. Единствената разлика е во тоа што не ги печете во тавче, туку во овие специјални модли во форма на корнет. И да не заборавам, готовите пици не се служат во чинии, па со вилушка и нож од страна, туку во специјални држачи со салфетка од страна.

Згодно или не, не би знаела да бидам искрена. Уште сум во недоумица дали е ова нешто што вреди да се проба или не. Ама ако случајно се одлучите да ги набавите овие модлички (може да се купат тука), задолжително пишете ми. Баш би сакала да знам како ќе се покажат ова корнет-пициве!