Уште еден деликатес на кујната на Мигусто, кој мора и вие да го приготвите. Супер декоративно, а феноменално на вкус. Двојно задоволство и за мераклиите на пици, но и за оние кои обожааваат пити. Добар апетит.
Пица пита
By January 19, 2014
Published:- Prep: 30 mins
- Cook: 40 mins
- Ready In: 1 hr 50 mins
Уште еден деликатес на кујната на Мигусто, кој мора и вие да го …
Ingredients
- 600 г брашно
- 350 мл вода
- 60 мл масло за готвење
- 2 лажички сол
- 1 лажичка шеќер
- 1/2 коцка свеж квасец
- 150 г кашкавал (фил)
- 150 г пилешка салама (фил)
- 5-6 лажици доматно пире (фил)
- малку вегета, оригано (фил)
Instructions
1.Од потребните состојки зa тесто, замесете фино и хомогено тесто. Покријте со крпа и оставете го на топло да нарасне барем дупло.
2.Тестото поделете го на два дела. Од првиот дел, расукајте округло тесто и со помош на чинија (дијаметар 24 см) исечете го.
3.Отстранете го вишокот тесто, повторно расукајте го и исечете уште еден ист круг.
4.Едниот круг ставете го врз намастена тава за печење а другиот тргнете го настрана, ќе ви биде потребен покасно.
5.Второто тесто расукајте го во голема правоаголна кора со димензии 45 см x 35 см.
6.Доматното пире зачинете го со вегета и оригано и намачкајте ја правоаголната кора.
7.Кашкавалот изрендајте и подеднакво распоредете го врз правоаголната кора.
8.Саламата исечкана на тенки парчиња наредете ја врз правоаголната кора.
9.Правоаголната кора исечете ја на подеднакви во ширина ленти (5 сантиметри).
10.Првата лента свиткана во ролат ставете ја врз втората лента и заедно свиткајте поголем ролат.
11.Постапката повторете ја со сите останати ленти тесто.
12.Целото тесто свиткано во ролат префрлете го врз првата округла кора.
13.Одозгора, ставете ја втората округла кора.
14.Добро притиснете ги краевите и свикајте ги. Оставете ја на топло околу 20 минути малку да нарасне.
15.Во меѓувреме, рерната вклучете ја на 180 степени. Пица питата печете ја околу 40 минути.
16.Питата оставете ја добро да се олади пред да ја сечете. Имајте добар апетит!
- Cuisine: Леб и пецива
- Course: Печење
- Skill Level: Средна