Во изобилство на зелечнук во мојот фрижидер, не можев да одолеам а да не направам нешто со него. Изборот падна на вегетаријанска пица, која на мое задоволство им се допадна и на закоравените месојадци :)

Пица вегетаријана

By Гастронаут Published: July 17, 2012

  • Prep: 40 mins
  • Cook: 20 mins
  • Ready In: 60 mins

Во изобилство на зелечнук во мојот фрижидер, не можев да одолеам а да не …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Во подлабок сад ставете 100 мл млако млеко, додадете малку брашно и ½ лажица шеќер, издробете го квасецот и оставете го да нарасне.
  2. 2.Во друг поголем сад ставете го остатокот од млекото, додадете го брашното и маслото за готвење и убаво измешајте.
  3. 3.Кога ќе нарасне квасецот, додадете го и тоа во смесата со брашно и измешајте. Оставете го малку да одмори, а во меѓувреме подгответе го филот.
  4. 4.Исечканото лукче издинстајте го на малку масло. Додадете доматно пире, оригано, сол. Гответе додека не добиете густа смеса.
  5. 5.На работна површина исукајте го тестото и префлете го во тава за печење. Рабовите намачкајте ги со вода и краевите на тестото превиткајте го навнатре.
  6. 6.Пречкајте го тестото со предходно подготвениот сос, а зеленчук насечкајте го на кругчиња.
  7. 7.Се што ви останува е да ги нафрлате различните типови на зеленчук, да ставите парчиња моцарела и да ја испечете.
  8. 8.Секогаш пица печете во добро загреана рерна на 220, па дури и повеќе степени. Пицата се пече од 15 до 20 минути.
  9. 9.Откако ќе се испече попрскајте ја со малку вода, маслиново масло и исечете ја на парчиња.