Нашата пријателка Славица не изненади со преубав рецепт за домашна вегетаријанска пица со модри патлиџани. Доколку ви се допадна рецептот, ви препорачуваме да ја посетите нејзината facebook страница (https://www.facebook.com/CucinaConSlavicaGotviSoSlavica) каде ќе најдете уште многу други вкусни рецепти.
Пицата на Славица Колева
By September 9, 2013
Published:- Prep: 20 mins
- Cook: 20 mins
- Ready In: 1 hr 20 mins
Нашата пријателка Славица не изненади со преубав рецепт за домашна …
Ingredients
- 600 г брашно
- 1/2 пакетче свеж квасец
- 1 лажица масло за готвење
- 1 лажичка шеќер
- 2 лажички сол
- 320 мл вода
- малку сос од домати
- 1-2 парчиња модар патлиџан (исечкан на ситни парчиња)
- 200-300 г кашкавал (или моцарела)
- малку свеж босилок
- малку сирење (рендано)
Instructions
- 1.Се замесува брашното, водатата, квасецот, маслото, шеќерта и солта и се остава тесто да нарасене (барем дупло). Оваа е доза за две пици.
- 2.Откако ќе нарасне, тестото се дели на два дела, се расукува и се става во намастена тава за печење.
- 3.Секое расукано парче тесто се премачкува со сос од црвени домати, одозгора се реди ситно сечкан модар патлиџан, се става рендан кашкавал (или моцарела) и неколку ливчиња свеж босилок.
- 4.Пицата се пече околу 20 минути, на 200 степени. Врз испечената пица, додека е топла, по желба, се ренда сирење (или урда). Добар апетит!
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна