Возењето велосипед е многу тренди во последно време. Ем се рекреирате, ем не ја загадувате околината, ем можете да уживате во природата, а богами и да се извозите до некое малку посвежо место во потрага по олеснување од горештиниве. Значи супер. Арно ама, не е финтата само да се извозите до некаде, туку и да го искористите тоа место за дружење, забава и релаксација.

А има ли подобар начин да го изведете сето тоа од организирање на пикник? Секако дека нема. Овој велосипед е направен токму за таа цел. Пакувате непто ситно за грицкање, некое сокче или шише вино и тргате. А кога ќе стигнете, потребно е само да ја повлечете едната плоча од точакот и сте добиле масичка и лесен ристап до спакуваните работи. Супер идеја, нели?

Но внимавајте, ако баш и не можете да си направите ваков велосипед (мислам дека сеуште ги нема во масовна продажба), тогаш не се разочарувајте и не се откажувајте. Проверете ги само гумите на велосипедот, викнете го друштвото, а храната и пијалоците можете исто толку добро да ги спакувате и во ранец.

Битно е да запомните дека возењето велоспед и дружењето во природа се опасно во тренд оваа сезона. Пријатно возење!