Одличен предлог за оние кои сакаат месо во комбинација со вкусни и богати сосови. Особен вкус на ова јадење му даваат бадемите и јогуртот, а и покрај тоа што делува помалку егзотично, верувајте дека нема да се разочарате ако пробате.
Пилешка корма
By February 6, 2014
Published:- Prep: 10 mins
- Cook: 30 mins
- Ready In: 40 mins
Одличен предлог за оние кои сакаат месо во комбинација со вкусни и богати …
Ingredients
- 2 супени лажици путер
- 2 супени лажици масло за готвење
- 1 главица кромид (ситно исечкан)
- 2-3 чешниња лук (ситно исечкани или истолчени)
- 1 кафена лажичка мелен ѓумбир
- 1 кафена лажичка (рамна) исецкан свеж магдонос
- 1 кафена лажичка лут црвен пипер
- 1 супена лажица мелени бадеми
- 2-3 супени лажици кечап или сос од домати
- 500-600 г пилешки гради (исечкани на коцки од 2см)
- 250 мл јогурт или кисело млеко
- сол и црн пипер (по потреба)
Instructions
- 1.Во поголемо длабоко тавче загрејте ги путерот и маслото, а потоа додадете го кромидот и пржете додека не омекне. На крајот додадете го лукот, ѓумбирот, црвениот пипер, и магдоносот и мешајте над оган уште 30 секунди.
- 2.Додадете ги бадемите и сосот од домати и пржете уште 2-3 минути за сосот да ги впие зачините. На крајот додадете ги парчињата месо и пржете додека тие не добијат малку боја.
- 3.На крајот сипете го јогуртот, поклопете го тавчето и оставете да се динста на ниска температура додека пилешкото не омекне. Послужете го топло.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна