Ајде да пробаме нешто ново и необично. Пилешка супа, ама зачинета со слатка пченка и млади кромидчиња. Супер!

Пилешка супа со пченка

By Гастронаутка Published: February 11, 2013

  • Prep: 10 mins
  • Cook: 45 mins
  • Ready In: 55 mins

Ајде да пробаме нешто ново и необично. Пилешка супа, ама зачинета со …

Ingredients

Instructions

  1. испржете го кромидот и лукот1.Исечкајте го кромидот ситно и ставете го да се пржи неколку минути во загреано масло во подлабоко тенџере, а потоа додадете го исечканиот или истолчен лук и изренданиот ѓумбир.
  2. ставете го пилешкото и водата и оставете да се вари2.Додадете го парчето пилешко месо (цело) во тенџерето, залејте со супата од коцка (може и вода) и оставете го да зоврие. Кога ќе зоврие, поклопете го тенџерето и оставете да се вари на тивко уште 30-тина минути (некаде на пола, свртете го пилешкото на другата страна за да се свари подеднакво).
  3. додадете ја пченката, соја сосот, шеќерот и оцетот3.Извадете го месото и оставете го настрана да се лади. Во меѓувреме, намалете го огинот на супата, додадете ја пченката, шеќерот, солта, црниот пипер, соја сосот и оцетот. Добро измешајте.
  4. додадете ги изматените белки4.Изматете ги белките со вилушка и додадете ги во супата со постојано мешање.
  5. додадете го младото кромидче и пилешкото месо5.Додадете малку сецкани млади кромидчиња (чувајте ги зелените делови за декорација) и додадете го пилешкото исечкано или издробено на парчиња). Пробајте и додадете ако е потребно уште шеќер, сол или оцет (во зависност од вкусот).
  6. додадете го густинот6.На крајот, растворете го густинот во малку вода и додадете за да ја згуснете супата по желба. Кога ќе се згусне, тргнете ја од оган и послужете ја додека е уште топла.