Откако прв пат ја пробав оваа комбинација се воодушевив од резултатот и затоа од се срце ви ја препорачувам и на вас. Супер опција во моментите кога немате идеја што да направите за ручек, а ви се јаде нешто опасно вкусно. Добар апетит..

Пилешка тава со пире

By А.А. Published: November 17, 2015

  • Prep: 25 mins
  • Cook: 35 mins
  • Ready In: 60 mins

Откако прв пат ја пробав оваа комбинација се воодушевив од резултатот и …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Излупените и исечканите компири ставете ги во солена вода, оставете да зоврие, намалете го оганот и варете ги околу 15 минути или се додека не омекнат. Исцедете ги, изгмечете ги и додадете путер, млеко, рендан кашкавал и сол по потреба.
  2. 2.Празот исечкајте го на ситни парчиња и на масло за готвење пржете го се додека не омекне. Ставете брашно, промешајте, малку пропржете па додадете ја пилешката супа. Мешајте се додека не добиете фин сос.
  3. 3.Во сосот додадете ја павлаката и откако ќе зоврие додадете ги свареното пилешко месо, грашокот и ситно сечканиот магдонос. Зачинете со сол и црн пипер.
  4. 4.Истурете во тава за печење, а одозгора, подеднакво распоредете го пирето од компири. Печете го јадењето во загреана рерна, на 200 степени, околу 20 минути и уште неколку минути на грил опција се додека компирот не стане крцкав.