Изреката дека сликата вреди илјада зборови навистина е точна. Фрлете краток поглед на оваа наша фотка и веднаш ќе добиете апетит. Доволен предизвик да го направите овој едноставен рецепт кој одлично ќе ви послужи во моментите кога немате инспирација што да каснете. Имајте убав апетит и очекуваме ваши фотографии оваа тема-пилешка тортиља.
Пилешка тортиља
By September 24, 2012
Published:Изреката дека сликата вреди илјада зборови навистина е точна. Фрлете …
Ingredients
- 400 г пилешко бело месо
- 100 г свежи шампињони
- 3 готови тортиљи
- малку шери домати
- 2 лажици соја сос
- 1 помал кромид (ситно исечкан)
- 2 чешниња лук (ситно исечкани)
- малки сол, црн пипер, вегета, мајчина душичка
- малку Маслиново масло
Instructions
1.Свежите шампињони исчистете ги и исечкајте ги на пола. Пилешкото месо исечкајте го на парченца. Во „ вок тава“, на оган, ставете малку масло и запржете го кромидот и лукот.
2.Во тавата додадете го пилешкото месо и малку запржете го. Додадете ги и свежите шампињони, зачинете по вкус и додадете ги двете лажици соја сос. Оставете го месо да се динста околу 10 минути.
3.Во меѓувреме, испржете компирчиња. Ние користевме замрзнати сечкани компирчиња, кои првин ги одмрзнавме а потоа на керамичка тава на малку масло и зачини ги запрживме околу 10 минути.
4.Кога се е зготвено, една половина од готовата тортиља ја полниме со месото и печурките, ставаме компирчиња и домати и по желба ставаме и мајонез или друг сос.
5.Тортиља ја превиткуваме и ја сервираме. Доколку сакате да биде покрцкава, тортиљата може неколку минути на грил тава да се стопли.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Пржење
- Skill Level: Едноставна