Ако сакате малку да експериментирате, пробајте ги овие крцкави, сочни и превкусни батачиња. Одлично одат со чаша (а и две) ледено пивце. Пријатен ручек!
Пилешки батаци со пченкарно брашно
By April 11, 2013
Published:Ако сакате малку да експериментирате, пробајте ги овие крцкави, сочни и …
Ingredients
- 5-6 пилешки батаци
- 1 главица кромид (ситно исечкан)
- 2 домати
- 4-5 компири
- 1 морков (поголем)
- 1 целер
- 300 мл пилешки бујон или вода
- 1 кафена лажичка вегета
- малку сол
- малку црн пипер
- малку магдонос
- малку бело брашно
- 4 супени лажици пченкарно брашно
- 4 супени лажици вода
Instructions
- 1.Исечканиот кромид запржете го малку во тавче.
- 2.Во земјано тавче или во огноотпорна тава ставете го испржениот кромид.
- 3.Батаците зачинете ги со сол и малку вегета, провалкајте ги во брашно, а потоа кратко запржете ги во тавчето во кое се пржеше кромидот.
- 4.Наредете ги батаците врз кромидот, исечкајте и додадете го останатиот зеленчук, посипете со црн пипер, вегета и магдонос.
- 5.Истурете го пилешкиот бујон (супа од коцка) или водата одозгора и ставете ја тавата во рерна да се пече на 200 степени околу 1 час.
- 6.Во меѓувреме замешајте го пченкарното брашно со водата за да се добие густа смеса.
- 7.По еден час печење, извадете ја тавата, со лажица распоредете ја одозгора смесата со пченкарното брашно и вратете ја во рерна да се пече уште 15-тина минути.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Средна