Ова е уште еден рецепт на Валентина каде повторно се избегнува пржење на храната. И сигурна е дека Вашите дегустатори ќе ви бидат благодарни за овој начин на подготовка на пилешки стек заради преубавиот вкус и мекоста на месото. Добар апетит!
Пилешки Cordon bleu од рерна
By April 23, 2013
Published:Ова е уште еден рецепт на Валентина каде повторно се избегнува пржење на …
Ingredients
- 4 парчиња свеж пилешки стек
- 1 лажица зачинска сол
- 200 мл вода
- 50 г путер
- 1 прстофат лук во гранули
- 1/2 лажиче оригано
- 4 кришки свинска шунка (пилешки тост)
- 4 кришки трапист кашкавал
- 2 лажици маслиново масло (за премачкување на садот за печење)
- малку црн пипер
- 80 г лебни трошки (смеса за похување)
- прстофат мелен црвен пипер (смеса за похување)
- 1 лажица сусам (смеса за похување)
- прстофат кари и шарена сол (смеса за похување)
Instructions
- 1.Во најлонска кесичка поставете ги еден по еден стековите и малку чукнете ги со чеканче за месо. На даска за сечење со остар нож по дебелината пресечете ги на половина, внимавајќи резот да не премине на спротивниот крај од месото. Посипете по малку зачинска сол и бибер на секое парче месо.
- 2.Во водата зовријте ја преостанатата зачинска сол и другите зачини, па оставете да врие 2-3 минути.
- 3.Помешајте ги сите состојки за похување во погоден сад.
- 4.Во секое парче месо, ставете по една кришка кашкавал и салама,затворете го со чепкалка за заби од едната страна, потопете го во течноста со зачини, па завалкајте го во смесата за похување и поставете го секое парче во садот за печење. Околу месото истурете го преостанатото количество од течната смеса, затворете со фолија или капак и печете на 200 степени четириесетина минути.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна