Еве уште една необична комбинација за сите љубители на најомилениот црн пијалок. Крцкави и сочни пилешки крилца кои се едноставно идеални, особено за групно гледање на телевизија.

Пилешки крилца со Кока-кола

By Гастронаутка Published: November 2, 2013

    Еве уште една необична комбинација за сите љубители на најомилениот црн …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.За да го направите сосот, ставете ја кока-колата, свешиот сок од лимета, шеќерот и ситно исечканите пиперчиња во тенџерче да завријат на силен оган. Кога смесата ќе почне да врие, намалете го оганот на тивко и мешајте додека не добиете сируп (додека не се згусне смесата, ама не премногу). Варете на тивко околу 25-30 минути.
    2. 2.Во меѓувреме подгответе ги крилцата за печење. Исечете го секое крилце кај зглобот (така да добиете две посебни парчиња. Ставете ги сите во подлабок сад и зачинете ги убаво со сол и црн пипер. Истурете половина од сирупот врз крилцата и убаво промешајте, а остатокот од сирупот оставете го да стои на многу слаб оган.
    3. 3.Наредете ги крилцата во тавче кое претходно сте го обложиле со алуминиумска фолија. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 10 минути, со тоа пто во средината на печењето извадете го тавчето и прмачкајте ги крилцата со сирупот одозгора.
    4. 4.По 10 минути, превртете ги сите крилца на другата страна и повторно печете 10 минути со уште едно мачкање со сирупот.
    5. 5.Наредете ги во чинија и послужете ги топли.