Пилешкото и сенфот си одговараат во целост. Љубовен пар со кој нема утка. Додате рузмарин, лукче малку пиво и добивате совршен семеен ручек или мезе за со пријателите.

Пилешки крилца со сенф

By Тетка Биберче Published: April 15, 2013

    Пилешкото и сенфот си одговараат во целост. Љубовен пар со кој нема утка. …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Подгответе ја маринадата: излупете и исечкајте го лукчето. Во длабок сад, измешајте го сенфот заедно со пивото и неколку лажици маслиново масло.
    2. 2.Во садот додадете го сечканото лукче и рузмаринот и ставете ги пилешките крилца внатре. Садот покријте го со најлонска фолија и оставете го во фрижидер да стои неколку часа.
    3. 3.Исцедете ги крилцата од маринадата и подредете ги во плех за печење кој сте го обложиле со мрсна хартија за печење. Крилцата посолете ги, запиперете ги и додајте сечкан корен од целер.
    4. 4.Печете во загреана рерна, на 200 степени, околу 30 минути, преливајќи ги одвреме навреме со малку маринада.
    5. 5.Испечените пилешки крилца сервирајте ги топли прелеани со сосот од печењето и украсени со рузмарин.