Мали пржени ролнички одлични за апни-лапни. Ние нашите ги спремивме со пилешко, а вие секако имате слобода да експериментирате. Отворете фрижидер и сигурно ќе добиете идеја за ваша верзија на вкусни крокети.

Пилешки крокети

By А.З. Published: July 21, 2013

    Мали пржени ролнички одлични за апни-лапни. Ние нашите ги спремивме со …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Во поголем лонец со вода варете го пилето се додека месото не омекне.
    2. 2.Омекнатото месо исчистете го од коски и кожа и ставете го во блендер заедно со сланината и неколку лукчиња. Во смесата додадете 2 јајца, 3 лажици презла и зачини по желба (сол, црн пипер, вегета и др.)
    3. 3.Бледирајте се додека не добиете компактна маса. Оставете ја смесата да одстои неколку минути.
    4. 4.По десетина минути, обликувајте крокети и секоја крокетка натопете во јајцето и провалкајте ја во презла.
    5. 5.Пржете ги во загреано масло се додека не добијат убава боја.
    6. 6.* Совет: водата во која го варевте пилето можете да ја искористите за припрема на пилешка супа.