Има ли некој што не сака пилешки прсти? Особено како мезе со добро друштво и ладно пиво? Нема сомнение, една од нашите омилени закуски, овој пат во посочно издание :)

Пилешки прсти во сос од лимон

By Гастронаутка Published: August 4, 2013

    Има ли некој што не сака пилешки прсти? Особено како мезе со добро друштво …

    Ingredients

    Instructions

    1. подгответе ја маринадата1.Во подлабок сад, измешајте го јајцето, соја сосот, коњакот, маслиновото масло и изренданата кора од 1 лимон за да добиете маринада за месото.
    2. Исечкајте ги стековите2.Исечкајте ги стековите на подолги парчиња, додадете ги во садот со маринадата, добро измешајте и оставете ги во фрижидер да отстојат најмалку 1 час.
    3. Извалкајте ги прстите во густин и сол3.Ставете го густинот во плитка чинија и добро посолете го. Секое парче месо убаво измачкајте го во смесата за да го подготвите за пржење.
    4. Испржете ги прстите4.Пржете ги прстите во добро загреано масло на умерена температура, а потоа оставете ги врз кујнска хартија за да се упие вишокот од маснотии.
    5. 5.За да го направите сосот, изрендајте ја кората од вториот лимон и измешајте ја со сокот од двата лимони, супата од кокошка и шеќерот.
    6. Направете го сосот6.Ставете го сосот во тенџерче на умерен оган и мешајте додека не почне да врие, а потоа додадете уште 1/2 лажичка густин растворен во 1 лажичка вода и мешајте постојано.
    7. Запржете ги прстите со сосот7.Пред да ги послужите прстите, во тавче без масло, на умерен оган ставете ги прстите и истурете одозгора од сосот (правете го ова во неколку тури).
    8. 8.Испрскајте ги приготвените прсти со малку сусам испечен во микро печка или запржен во тавче без масло и со ситно исечкано младо кромидче. Ммммм!