Овие ролнички се прават брзо и едноставно и се супер вкусни, особено во комбинација со сосот од лукче кој навистина им дава посебен шмек. Пробајте ги задолжително!

Пилешки ролнички со шампињони

By Гастронаутка Published: July 10, 2012

    Овие ролнички се прават брзо и едноставно и се супер вкусни, особено во …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Исечете го месото на шницли и истенчете ги добро со чекан за месо. Посолете ја секоја шницла и додадете малку црн пипер и вегета.
    2. 2.Секоја шницла поделете ја на два или три дела (да биде со ширина отприлика како печурките).
    3. pileski-rolni-so-pecurki1.3.Извадете ги дршките на печурките, а потоа во секоја шницла ставете прво парче врат или печеница, па одозгора печурката и замотајте ги шницлите во ролнички. Заврзете ја секоја ролничка со кујнски конец (или прободете ја убаво со 1-2 чепкалки) за да ја сочува формата.
    4. 4.Во загреано тавче на масло пржете ги ролничките од сите страни додека убаво не заруменат. Кога ќе се запржат добро, намалете ја температурата на ринглата па додадете го белото вино и динстајте додека виното сосема не испари.
    5. 5.Префрлете ги ролничките во чинија за послужување и посипете ги со пармезанот.
    6. 6.Во тавчето во кое се пржеа ролничките ставете го ситно исечканото лукче. Кога малку ќе се запржи, додадете го густинот растворен во топла супа или вода и мешајте додека сосот не се згусне, а потоа прелијте го врз ролничките.