Вкусно, сочно и кремасто пилешко кое и брзо се подготвува и лесно, иде во комбинација со многу јадење како ориз, компир, шпагети и пред се сите дома го обожаваме.

Пилешки стек со сос од печурки

By Наташа Смилкова Published: June 7, 2013

    Вкусно, сочно и кремасто пилешко кое и брзо се подготвува и лесно, иде во …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Најпрвин пилешките гради ги сечам надолж за да бидат потенки. Ги мачкам малку со сол, црн пипер и сенф, истуран врз нив малку масло и ги ставам во тавче за печење.
    2. 2.Печам околу 30 минути или се додека не заруменат. Испечените стекчиња ги сечам на помали парчиња.
    3. 3.Во меѓувреме, го подготвувам сосот. Го растворам во 500мл млака вода и го оставам на оган 5 минути или се додека не згусне.
    4. 4.Кога е сосот готов, го додавам исеченото месо и го оставам неколку минути за да впие малку од сосот.
    5. 5.Како додаток, подготвив инстант пире, наросив малку со целер и го сервирав. А бидејќи сите дома сме љубители на млечните производи, одозгора изрендав и малку кашкавал.
    6. 6.Напомена: честопати, пилешките гради ги спремам еден ден порано, т.е. ги зачинувам и ги мачкам со сенф, ги складирам во кутија и ги оставам во фрижидер еден ден. На тој начин, пилешкото е уште по сочно и вкусно.