Рецепт на и нашата драга читателка Улкер Амзоска кој ќе им се допадне на сите љубители на пикантно пилешко со познатиот кари зачин. Добар апетит.
Пилешко месо со кари
By September 9, 2012
Published:- Prep: 30 mins
- Cook: 20 mins
- Ready In: 50 mins
Рецепт на и нашата драга читателка Улкер Амзоска кој ќе им се допадне на …
Ingredients
- 500 г пилешко бело месо
- 400 г свежи шампињони
- 400 г павлака
- 2 моркови
- 2 главици кромид
- 2 лукчиња
- 1 лажица мајонез
- 3 лажички исецкан свеж магдонос
- 1 лажичка кари
- малку сол, црн пипер и масло за готвење
Instructions
- 1.Се става пилешкиот стек во длабок сад со вода и се вари дваесетина минути на тивок оган.
- 2.Во меѓувреме, се сечка кромидот, лукот и морковот на мали коцки и се ставаат на оган да се пржат со малку масло.
- 3.Се трга месото од оган, се мие, се процедува и се сече на поголеми коцки. Се сечкаат и шампињоните.
- 4.Кога кромидот ќе зарумени, се додава месото да се пропржи во садот, а по десетина минути се додаваат шампињоните, павлаката, мајонезот, магдоносот и зачините. Сите состојки се промешуваат.
- 5.Садот се трга од оган и целата смеса се става во сад за печење. Јадењето се пече во загреана рерна околу 20 минути.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна